Tuning Garage Up - Сервис за патнички возила + Онлајн ШОП со МОТУЛ продукти и резервни делови за БУБА
Новиот Порше 911 Турбо S со повеќе од 700кс
АВТОМОБИЛСКИ ВЕСТИ
9/29/20252 min read


Порше 911 Турбо S дебитира како хибрид со повеќе од 700 КС
Беше сосема јасно дека ќе добие врвен T-Hybrid погон од актуелниот 911 Carrera GTS. Тоа значи и крај за 3,8-литарскиот битурбо мотор, кој заминува во пензија. Наместо него, сега е вграден 3,6-литарски шестцилиндричен боксер од GTS – но за оваа верзија значително подобрен. Наиме, наместо еден, сега користи два електрични турбо-полначи.
Резултатот е 711 КС при 6.500–7.000 вртежи/мин (61 КС повеќе од досега) и максимален вртежен момент од 800 Nm, кој беше достапен и порано, но сега во огромен опсег од 2.300 до 6.000 вртежи/мин. За љубителите на 911 е веќе јасно: ова го прави најмоќниот сериски 911 Турбо S досега.
И скоро сигурно најбрзиот. Забрзувањето од 0–100 km/h сега трае 2,5 секунди (порано: 2,7 s). До 200 km/h стигнува за само 8,4 s (–0,5 s). Проблемот е што Порше традиционално дава многу конзервативни податоци, па не би било изненадување ако вистинскиот спринт биде поблиску до 2 секунди. Максимална брзина: 322 km/h.
Битурбо T-Hybrid погон вклучува и 400-волтен високонапонски систем, како и од GTS познатата лесна батерија од 1,9 kWh. Моќта се пренесува на сите четири тркала преку осмостепен PDK менувач со интегриран електромотор. Зголемувањето на масата во однос на претходникот изнесува 85 kg. Turbo S никогаш не бил лесен (1.715 kg со возач), а сега прв пат преминува 1.800 kg.
Купувачите нема да се грижат многу, бидејќи автомобилот во сите аспекти стана побрз. На Нордшлајфе – и тоа драстично. Хибридизираниот 911 Турбо S остварува време на круг за 14 секунди подобро од претходникот. Официјално потврденото време во сериска конфигурација: 7:03,92 минути. За тоа не се заслужни само поголемите перформанси, туку и подобрувањата на суспензијата. Особено новата генерација на пневматици со подобро прифаќање на суво – Порше сè уште не ја открива марката – но знаеме дека задната оска сега користи пневматици пошироки за 10 mm (325/30 ZR 21), додека напред останува 255/35 ZR 20.
Пораснаа и стандардните керамички кочници: дисковите напред сега имаат 420 mm, а позади 410 mm (порано: 390 mm). Тоа се најголемите PCCB кочници некогаш вградени во двосед. Исто така, тука се и новите кочнички плочки, кои го подобруваат перформансот и чувството на педалот.
Благодарение на T-Hybrid погон со својот високонапонски систем и батерија, инженерите го опремиле Turbo S со стандардниот електрохидрауличен систем Porsche Dynamic Chassis Control (ehPDCC). Овој систем користи прекрстени активни стабилизатори, кај кои притисокот се менува преку проток на масло во зависност од ситуацијата при возење. На тој начин се намалува нагнувањето при менување насока и се зголемува агилноста при влез и излез од свиоци.
Надворешно, 911 Turbo S facelift се препознава по новите вертикално поставени клапни за ладење напред (како кај 911 GTS, прашање на вкус), додека позади се истакнуваат новите отвори за вентилација и редизајнираните завршетоци на титаниумската издувна цевка. По избор се достапни овални титаниумски завршетоци со посебна структура.
Новата издувна линија е за 6,8 kg полесна од претходната, а Turbo сега има значително поизразен звук. Досега беше познат по пригушениот, скоро „усисувачки“ тон, но според искуството со 911 GTS, новиот мотор има значително посилен карактер. Порше наведува дека моторот „намерно користи асиметрични фази на отворање на вентилите, кои додаваат нови фреквенции на звукот на моторот“. Ние додававме: ако звучи како GTS, сè е во ред.
Инаку, коефициентот на отпор на воздухот кај 911 Turbo S Coupé е намален за 10% во најефикасната поставка на активните аеродинамички елементи.
Сериски, 911 Turbo S Coupé доаѓа како двосед. По барање, задните седишта се достапни.
Превземено од magazinauto.com клик на: ЛИНК
Превод Злате З.















Социјални мрежи
071 553 355
© 2025. Сите права се задржани
Контакт
Работно време
Пон - Пет 09–17
Сабота 10:30–15:30
Недела - Затворено
Инфо:




















Наши брендови
Локација