
DPF филтер: Симптоми на запушување и решение со Motul Inject 3in1
Дознајте кои се најчестите симптоми на запушен DPF филтер и како може да се реши проблемот без демонтажа со помош на Motul Inject Машината 3 во1 и Motul DPF адитив со TÜV сертификат. Брзо и ефикасно решение.


Што е DPF филтер?
DPF (Diesel Particulate Filter) е филтер поставен на дизел возилата кој ја намалува емисијата на штетни честички во издувните гасови. Со време, филтерот се запушува од саѓи и остатоци, што може да предизвика сериозни проблеми со работата на моторот. Токму затоа е важно навремено чистење на DPF филтер со тоа и продолжување на векот на истиот.
Симптоми на запушен DPF филтер
Најчестите симптоми на запушен DPF филтер се:
🔴 Намалена моќност и „limp mode“
🔴 Зголемена потрошувачка на гориво
🔴 Често палење на check engine ламбицата
🔴 Непријатен мирис или чад од издувната цевка
🔴 Потешкотии при забрзување
Доколку ги игнорирате овие симптоми, може да дојде до трајно оштетување на DPF-от, што значи скапа замена.
Како да се исчисти DPF филтерот?
Класичните методи вклучуваат демонтажа и испраќање на филтерот на специјализирано чистење, што одзема време и пари.
Но постои поефикасно решение – чистење на DPF без демонтажа со Motul Inject Machine.
Motul Inject 3 in 1 – ефикасно и сигурно решение
Motul Inject 3 во 1 Машината е професионална машина која овозможува чистење на DPF филтерот директно на возилото, без вадење и без ризик од оштетување.
✔ Работи со специјален Motul DPF Clean адитив – единствен на пазарот со TÜV сертификат, што гарантира безбедност и ефикасност.
✔ Брза процедура – обично за 2-3 часа филтерот повторно работи како нов.
✔ Намалени трошоци – многу поевтино од замена на цел филтер.
✔ Подобрување на перформансите – моторот повторно дише слободно.
Дополнително 3-во-1 одржување (без демонтажа):
Со Motul Inject Машината освен чистење на DPF нудиме и:
Чистење на дизни (инјектори) за подобро распрскување а со тоа помирна работа на моторот.
Декарбонизација преку усис на мотор(бензин и дизел) за посмирена работа и пониски емисии.
За детали прочитајте го водичот: Motul Inject 3-во-1 – како функционира и кога се препорачува.
Заклучок
Ако забележувате симптоми на запушен DPF филтер, не чекајте да настане поголем проблем. Со Motul Inject Машината и Motul DPF Clean адитив добивате проверено решение.
👉 Закажете чистење на DPF филтер во Скопје во Tuning Garage Up и дозволете му на вашето возило повторно да работи со полна моќност!





