Tuning Garage Up - Сервис за патнички возила + Онлајн ШОП со МОТУЛ продукти и резервни делови за БУБА
Дали денес има дефекти на возила што се поврзани со (не)квалитетот на горивото?!
АВТОМОБИЛСКИ ВЕСТИ
9/29/20251 min read


Прашавме стручњак од HAK: Дали денес има дефекти на возила што се поврзани со (не)квалитетот на горивото?!
Автор: Маријан Алиќ · Објавено: 29.09.2025. (Revija HAK) ЛИНК
Превод: Злате З.
Со современите системи за надзор на издувните гасови кај возила произведени од 2014 година, со ЕУРО 6 норма, било какво измамирање со квалитетот на горивото е исклучено...
Службата за патна помош на HAK годишно има десетици илјади интервенции и многу искуство, па ние му поставивме прашање на техничкиот советник Марин Морави: дали во последните неколку години има дефекти на возила кои би можеле да бидат поврзани со лош квалитет на горивото? Негово мислење е дека нема проблеми со квалитетот на горивото, бидејќи денес би било тешко на крајните корисници да им се сервира понизок квалитет на гориво.
Модерните возила за време на возењето постојано преку интегрирани сензори ја мерат составот на издувните гасови, и веќе при помали отстапувања, системот реагира и вклучува индикатор за неисправност на издувните гасови.
Евидентираните грешки на возило може да бидат показател дека одредени компоненти на моторот не можат добро да ја обработат издувната емисија, што може индиректно да сугерира дека треба да се анализира и квалитетот на горивото. Лош квалитет на горивото не би одговарал на операторите (на бензинските пумпи), бидејќи возила произведени од 2014 година, кои денес се многу во промет, би имале низа проблеми ако не се почитуваат строго пропишаните норми на квалитет на гориво за ЕУРО 6, и би дошло до голем број поплаки до бензинските пумпи и одговорните компании.
Без оглед на сè, односно на фактот дека денес е скоро невозможно да се продава неквалитетно гориво, кога станува збор за одржување, сопствениците на возила можат многу да направат, а тоа е редовно да го менуваат филтрот на гориво. Препорака е да се следи планот за одржување на возилото кој го пропишал производителот на возилото, за навреме да се заменат филтерот на гориво и можеби некои други делови, ако е така пропишано.
Со редовна замена на филтерот на гориво се штити системот за вбризгување од влез на нечистотија, вода и други одделени супстанции кои може да се најдат во чашата на филтерот, и со тоа се избегнуваат поголеми штети на системот за вбризгување. Денес, возилата се опремени и со разни сензори кои можат да мерат присуство на вода во горивото, како и забрзано пропаѓање на моторното масло како последица од понизок квалитет на гориво. Веќе спомнатата проверка на издувните гасови ќе бележи разни проблеми ако во возилото се најде понизок квалитет на гориво.
Повеќите стандарди за квалитет на горивото денес влијаат многу поволно на системите за вбризгување гориво и моторот на возилото. Дефинитивно може да се каже дека денес има далеку помалку неисправности на возила отколку што било некогаш.
Внимавајте, денес не е потребно да се додава бензин во дизел гориво за подобар студен старт зима како некогаш, или да се додава масло за двотактни мотори за подобро подмачкување на движни делови во системот за вбризгување. Едното и другото може да делува многу штетно на модерните возила.
Кога станува збор за адитиви за гориво, пред употреба консултирајте се со стручни лица и видете дали има потреба за исти, бидејќи не сите адитиви имаат ист ефект или превентивни карактеристики — па може да се разликуваат адитивите за постари и понови возила. Секогаш бидете внимателни со адитивите при дозирање, задолжително почитувајте табелите на производителите на производот и не претерајте со соодносите, односно количествата.
Да бидеме сликовити, ако претерате, тоа е како да земете двојна доза лекови за да побрзо се решите здравствените тегоби — а тоа не е добро. Во главно, праксата покажува дека денешните горива не треба посебно да се третираат, но ако тоа го правите — бидете внимателни.
Превземено од Revijahak ЛИНК
Преведено од Злате З.

Социјални мрежи
071 553 355
© 2025. Сите права се задржани
Контакт
Работно време
Пон - Пет 09–17
Сабота 10:30–15:30
Недела - Затворено
Инфо:




















Наши брендови
Локација