
Моторното масло е крвта на секој мотор. Без него нема подмачкување, нема ладење, нема заштита од корозија. Дури и најдоброто масло (како Motul) има свој век – ако се користи премногу долго, може повеќе да штети отколку да помага.
Еве 6 јасни знаци дека е време за промена:
1. Променета боја и мирис на маслото
Новото масло е светло-жолто/златна боја.
Старото станува црно и густо, често со мирис на изгорено.
📌 Факт: Маслото ја собира саѓата и нечистотиите – ако е темно и лепливо, веќе не ја извршува функцијата на подмачкување.
2. Зголемена потрошувачка на гориво
Ако забележиш дека колата троши повеќе гориво од вообичаено, може да е од „уморно“ масло.
📌 Факт: Истражувања покажуваат дека старото масло ја зголемува внатрешната фрикција во моторот, што води до поголема потрошувачка на гориво.
3. Чудни звуци од моторот
Ако моторот почнува да чука, тропа или работи „потешко“, шансите се дека маслото не подмачкува доволно.
📌 Факт: Недоволното подмачкување создава метал-во-метал контакт, што може да доведе до скапи оштетувања.
4. Груб старт на ладен мотор
При првото стартување наутро, ако моторот има груб звук или чука во првите 3–5 секунди, тоа е знак дека маслото ја изгубило способноста брзо да се движи низ каналите и да создаде притисок.
📌 Факт: Токму во тие неколку секунди на „суво триење“ на ладен старт се случува над 70% од абењето на моторот (податок од SAE – Society of Automotive Engineers). Ако маслото е старо или разредено, ризикот е уште поголем.
5. Поминати километри или време од последната промена
Ако си поминал повеќе од 10.000 – 15.000 км (или поминала една година, што и да дојде прво), маслото мора да се смени, без разлика како изгледа.
📌 Факт: Motul и другите премиум производители секогаш наведуваат сервисен интервал. Прекорачувањето значи дека адитивите во маслото веќе се распаднати и немаат заштитна функција.
6.Почеста регенерација на DPF филтерот
Лошото или извозено масло го забрзува таложењето на честички во DPF филтерот, предизвикувајќи почести регенерации и потенцијално скратен животен век на филтерот.
📌 Факт: Маслото со ниска неквалитетна адитивна база или погрешна вискозност може да предизвика натрупување на катранести наслаги, што ја отежнува правилната работа на DPF и го оптоварува моторот.
Заклучок
Игнорирањето на навремената промена на масло може да резултира со:
зголемена потрошувачка на гориво,
побрзо абење на делови при ладен старт,
скап ремонт на моторот.
Почеста регенерација на ДПФ Филтерот
👉 Затоа, редовната замена со квалитетно масло како Motul и филтри од бренд како MANN е најевтиното осигурување за твојот мотор.



